Соопштение на СДСМ:
Мора да се одблокираат парламентарните процедури и соглаласно Деловкикот што побрзо да се избере претседател на Собранието.
Новиот претседател на Собранието ќе прати Допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена што го бара за да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за состав на новата Влада.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат право заради заштита на криминалните интереси на Никола Груевски да се инволвираат во продолжување на политичката криза, што оди на штета на интересите на граѓаните, на бизнис секторот и на иднината на државата.
На кредибилни избори се избрани новите пратеници во Собранието кои имаат право според Уставот да го формираат новото парламенатрно мнизинство.
Груевски имаше 20 дена, но не успеја да формира Влада.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев го формираше потребното мнозинство во Собранието.
Тој веќе ја објави Програмата на новата реформска Влада, којашто го штити унитарниот карактер на државата, гарантира владеење на правото и решенија за потребите и проблемите на сите граѓани.
Европската унија соопшти дека има позитивни намери со Македонија, отворање на поглавјата 23 и 24 поврзани со правосудството и безбедноста. Тоа ги отвораат и европските перспекриви на државата и на граѓаните и тоа е патот на Македонија.
Република Македонија мора да се движи напред.
Следен чекор во политичките процеси во Македонија е формирање на новата реформска Влада.