КОПНЕЖ

Сподели

КОПНЕЖ

radovan

Во тивок предел
ме кинат страсти
Тапан со зол дух во слухот ми се врти
Небото пожелува сон
Земјата несоница О ткајачки
исткајте го сонцето
и моето срце на разбоите
белки весело ќе ми биде облечена душата
Од небото без подршка света види
Птица на крст слета
Ме гонат копнежливи очи
Бев крај море
Никаква нежност
Зборот- патека болна
во срцето црта
Сред јато птици
ја губам ли својата љубов
или останувам во ова време.

– Радован Павловски-