ФБ СТАТУС – НИКОЛА ГРУЕВСКИ:СДСМ со тиранската платформа прави изборна измама

Сподели

Влада која ќе ја спроведува тиранската платформа направена и оформена во друга држава, не може да биде реформска, туку е антидржавна, а однесувањето на СДСМ е како да нема народ во државата или како тој воопшто да не е важен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот „Фејсбук“ профил.

– Наспроти ова, улиците на градовите се преполни со народ кој протестира и изразува незадоволство што јасно укажува дека ваквите политики на СДСМ се осудени на неуспех. Недозволиво е за најклучните прашања во оваа држава поврзани со нејзините суштински обележја да не се праша народот и да се носат одлуки кои се предмет на неколкумина кои прават меѓупартиски договор, а не базирани на изборна програма одобрена од граѓаните на избори. Тоа се вика изборна измама. Доколку се оди по логиката на СДСМ, тогаш се губи суштината на одржување на избори. Ако може една или повеќе партии да носат суштински одлуки без да се прашаат граѓаните и ако мнозинството на Македонци се испратат во опозиција, со цел спроведување на таа изборна измама, тогаш демократијата се укинува. Нивниот прв чекор е голема изборна измама на народот – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.