Инцидент на карневалот во Париз

Сподели

Најмалку 18 лица, меѓу кои и три деца, се повредени синоќа на карневал во северното париско предградие Вилпен, кога се запалила, а потоа и експлодирала една кукла од слама и дрво, што ја носеле учесници на манифестацијата.

Претставник на властите на департманот Сен Дени соопшти дека пет лица, меѓу кои и едно дете се здобиле со потешки повреди при инцидентот, но се надвор од животна опасност.

Француската полиција информира дека експлозијара била предизвикна случајно и дека не станува збор за терористички напад.

Според истрагата, до пожарот дошло поради неправилно ракување со бензин, кој бил користен за палење на карневалскиот оган.

Во време на инцидентот на карневалот присуствувале неколку илјади лица, вклучително и градоначалникот на Вилпен, кој е меѓу повредените.