Градот Скопје најостро ја осудува постапката на одредени неодговорни поединци или групи, кои фрлаат отров и отровни материи заради труење на бездомни животни.
„Оваа постапка е крајно неодговорна и претставува сериозна опасност по здравјето и животот на луѓето и на животните, а воедно претставува и кривично дело. Градот Скопје остро го осудува ваквото поведение на некои несовесни граѓани и уште еднаш апелира, доколку се забележи ваков случај, веднаш да се пријави во полиција. Доколку забележите појава на труење на животни, покрај во полиција на телефонот 192, истото пријавете го во ЈП „Комунална хигиена“ на телефонскиот број 02 321 66 44 и во стационарот „Вардариште“ на телефон 02 820 13 57“, се вели во соопштението.