Одложено судењето на Слободан Богоевски, Ахмети и Џафери не се појавија

Сподели

Одложено е судското рочиште за тужбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот вицепремиер Муса Џафери против екс-разузнавачот Слободан Богоевски за клевета поради неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“. Тужителите не се појавија во судницата. Ахмети бара бара 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари отштета од Богоевски.

Судијата Нухи Рустеми ја сослушуваше адвокатката Билјана Панова, како полномошник на Американската комисија за хартии од вредност, пред која Богоевски ја дал изјавата. Панова одби да сведочи пред Судот, објаснувајќи дека се што било кажано во нејзино присуство мора да го штити.

Адвокатот на Богоески, Валентин Зафиров, излезе со критика за, како што рече, принуда на  сведок да ја прекрши адвокатската заклетва, и кој со налог на заштита е обврзан пред Њујоршкиот суд да не открива што кажал сведокот Богоевски за судската постапка што се водеше во САД.

meta.mk