Се договара новиот владин кабинет

Сподели

Забрзано се договара новиот владин кабинет. Вчера раководството на СДСМ имаше средба  со коалициските партнери.

 Од продолжението на разговорите со движењето БЕСА ќе зависи како ќе изгледа финалниот состав на владиниот кабинет и дали сите партии од парламентарното мнозинство ќе учествуваат во владата. според неофицијални информации постои можност до вечер да се знае составот на новата влада.
Според Зијадин Села, од Алијансата на Албанците, тие ќе дадат поддршка за новата влада, без оглед дали ќе партиципираат во неа.

Додека се чека составот на новата Влада, се подготвува и 22. редовен конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи во сабота во Скопје. Се очекуваат повеќе од 700 делегати кои ќе гласаат за лидер на партијата.

До овој момент Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата. Можноста да се пријави и друг кандидат е отворена до утре до 11 часот и, доколку пристигне кандидатура, таа ќе биде разгледана и формално одобрена од членовите на Централниот одбор кој ќе има седница пред самиот Конгрес.

 Петок неформално се смета за последен ден, бидејќи, како што е веќе најавено, в сабота социјалдемократите треба да одржат партиски конгрес.