OJO: 30 дневен притвор за лицето кое постави бомба во Собранието

Сподели

„По прибирање на податоци и доказен материјал, Основното јавно обвинителство поведе постапка против едно лице поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела Предизвикување општа опасност од член 288 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител до судија на предходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави барање за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот на обвинитлството беше прифатен од судот кој со Решение на осомниченото лице му определи притвор во времетраење од триесет дена“ се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.