Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, утре во Брисел ќе има средби со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
Заев во Брисел ќе биде придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Средбата Заев – Столтенберг е предвидена утре околу пладне во седиштето на Северно-атлантската алијанса (НАТО), а по нејзиното завршување е планирана прес-конференција на македонскиот премиер и првиот човек на НАТО. Премиерот Заев неодамна изјави дека се надева оти Македонија многу брзо може да стане членка на НАТО под привремената референца, а паралелно да продолжат разговорите со Грција за спорот за името и надградување на мерките за доверба меѓу Скопје и Атина.

На средбите, пак, со Могерини и Хан, како што истакна Заев во неколку негови претходни изјави, ќе се разговара за реформите што треба да ги спроведе новата македонска Влада и за отстранувањето на условената препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, најави дека Могерини и Хан на средбата со Заев ќе ја повторат својата подготвеност за поддршка на новата Влада, како и на опозицијата, во нивните напори конструктивно да се испорача нивната заедничка цел за реформи поврзани со ЕУ.
– Тие ја нудат својата помош во овој поглед и ќе инсистираат на имплементација на сите делови од договорот Пржино и на Итните реформски приоритети. Ова е, исто така, од суштинско значење за да се врати земјата на својот пат кон европската интеграција, процес кој граѓаните јасно го сакаат и заслужуваат, истакна портпаролката Коцијанчич.
Се очекува да стане збор и за доаѓањето во Скопје експертот за владеење на правото на Европската комисија, Рајнхард Прибе, кој заедно со група на експерти на Комисијата ќе треба да и помагаат на новата Влада на Република Македонија во напорите за реформи.
Ова е прва официјална посета на новиот македонски премир на европската престолнина откако застана на чело на Владата на Македонија.