Граѓаните на Богданци против рудници во општината

Сподели

Речиси 100% од граѓаните на општина Богданци кои излегоа на референдум се изјанија против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и отворање на рудници на територијата на општината, потврди Општинската изборна комисија по сумирањето на резултатите.

„Од вкупно запишаните 6.918 граѓани на референдумот по двете прашања се изјасниле вкупно 4.321 или околу 62 отсто од гласачкото тело што значи дека референдумот во општина Богданци е успешен“, изјави Венера Зелева, претседател на ОИК Богданци.

Резултатите од референдумот се обврзувачки за локалната самоуправа.

Следната недела по истите прашања на референдум ќе излезат граѓаните на општина Дојран.