Во МНТ хуманитрна претстава – “НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ”

Сподели

Македонскиот народен театар утре со изведбата на претставата „Не се клади на Енглези“ организира хуманитарна акција за лекување на две млади лица.

Средствата ќе бидат наменети за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот и на кој му се потребни средства за лекување, како и за 24-годишната Марина Јовановска која има итна потреба од третмани и лекарства во Берлин. Таа боледува од nystagmus и rethinopatia pigmentosa sine pigmento, кои се многу ретки болести на очите и доведуваат до слепило и во Република Македонија не се лекуваат.

Подетални информации околу жиро-сметките и банките депоненти, како и отворените телефонски линии за донации, може да се најдат на Фејсбук страната на Македонски народен театар.