Во Република Македонија денеска се одбележува Денот на балканските еѓипќани – 24 јуни. Настанот ќе се одржи во Охрид во Домот на културата „Глигор Прличев“.
Одлуката за одбележување на Меѓународниот ден на балканските Еѓипќани е донесена во 2010 година во Струга на Вториот конгрес на Сојузот на балканските Египќани. На овој ден во 1990 година во Охрид, е одржано првото Собрание на една општествено-политичка организација на Балканот, која се заложи за сочување на етничкиот идентитет и заштитата на правата на оваа заедница.