Ретвитни оброк 119 – Донирај, не фрлај!
Спомен Куќа на Мајка Тереза, 01.јули
Лето. Изобилство од крана која брзо се расипува. Не дозволувај да фрлаш додека некому е повеќе од потребно!
Биди дел од #ретвитниоброк на еден од овие начини:
– приклучи се на заедничкото готвење во Гласност (ул. Петар Поп Арсов бр.6)
– Донирај намирници (леб, тестенини, месо, грашок, салати, овошје…) и остави ги во Freshys – Фрешис
– Зготви оброци од дома и спакувај ги во алуминиумски кутии (можат да се земат од портирницата на Спомен Куќата на Мајка Тереза).
– Сортирај или Зготви храна која ти останала дома или од прослави, родендени и собиранки, спакувај ја и донеси ја во 12:30часот во сабота пред Мајка Тереза.
За било каква информација, прашај или пиши ни.
#РетвитниОброк #СмениГоСветот