Времето ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд кон пладне и со појава на ретки грмежи.
Попладне врнежите ќе престануваат. УВ-индексот ќе изнесува 6. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а максималната од 21 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во вторник се уште ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе започне период на стабилно време со постепено покачување на температурата. За следниот викенд ќе има изгледи за нови врнежи и нестабилност.