Премирот Заев на деловен појадок со членови на Сојузот на стопански комори

Сподели

Над 200 компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), ќе присуствуваат на традиционалниот деловен појадок со претседателот на Владата на Република Македонија и ресорните министри.

Во присуство на бизнисмените, амбасадорите, ресорните министри, официјални обраќања предвидено е да имаат премиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Даниела Арсовска.

На појадокот ќе се дискутира за најзначајните економски прашања, a ќе биде доставен и презентиран пакет на 75 мерки за структурни економски реформи во Македонија. Претставниците на деловната заедница пред ресорните министри ќе ги презентираат предизвиците со кои се соочуваат и ќе понудат предлози за надминување врз основа на утврдена соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства.

Пакетот од 75 мерки е во насока на хармонизација со препораките на ЕУ за неопходноста од спроведување на структурните реформи за подобрување на инвестициската клима во специфичните сектори, потоа регионална економска