Захариева: Финализиран договорот за добрососедство со Македонија

Сподели

                                                                                    Фото: БНР

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека текстот на договорот за добрососедство со Македонија е финализиран и дека нејзината земја нема намера да води нови преговори. Таа во интервју за бугарска телевизија посочи и дека договорот е важна нова страница во односите меѓу двете земји, но по потпишувањето останува да се заврши уште многу работа.

Во врска со барањата на некои македонски опозициски партии да биде признато постоењето македонско малцинство во Бугарија, Захариева посочи дека тие не водат дека преговори со партии, туку со Влада. Според неа, договорот ќе биде потпишан и на македонски и на бугарски јазик на 2 август во Скопје.

РСЕ