Бројот на барања на Британците за државјанство на Република Ирска е зголемен за 50 отсто, по минатогодишниот референдум во Велика Британија, на којшто граѓаните одлучија земјата да ја напушти Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Повеќе од 100.000 ирски пасоши се издадени во Велика Британија, во периодот меѓу јуни 2016 и јуни оваа година“, рече министерот за надворешни работи на Ирска, Сајмон Ковини.
Ненадејното зголемување на бројот на барањата за ирски пасоши е последица од Брегзит, кој би требало да влезе во последната фаза во јуни 2019 година.
Бројот на барањата за ирски пасоши се зголеми и меѓу граѓаните на Северна Ирска, и тоа за 59 проценти.
Околу шест милиони британски граѓани имаат право на ирско државјанство, а секој што има родител роден во Република Ирска и во Северна Ирска, која е дел од Велика Британија, се стекнува со тоа право.
На референдумот што се одржа на 23. јуни минатата година, британските граѓани гласаа за излегување на Велика Британија од ЕУ, меѓутоа 56 проценти од населението на Северна Ирска гласаше за останување.
Гласањето за напуштање на ЕУ повлече прашања во врска со иднината на отворената граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска, која ќе стане единствената британска копнената граница со Унијата.