Биоразградлив автомобил од шеќерна репка и лен претставен од студенти во Холандија

Сподели

Тим на студенти од Универзитетот за технологија во Ајндховен неодамна го претставија својот биоразградлив автомобил направен од шеќерна репка и лен.

Тежејќи 310 килограми, лесниот, еко-пријателски автомобил може да вози до 80 километри на час.

Според Ројтерс, единствените делови што не се направени од природни материјали се тркалата и системот за суспензија. Автомобилот е именуван Лина, а неговата лесна рамка има слична сила и тежина на фиберглас.

Пластиката од шеќерна репка е изработена во облик на јадро, која потоа се става помеѓу два ленени композитни плочи. Автомобилот се напојува со литиум-јонски батерии, со моќност од 8kW користејќи 2 DC мотори.

Иако биоразградливиот автомобил доби позитивни критики, постојат предизвици со користење на материјали кои се наменети да се разградат. Нуд ван де Гевел, лидерот на тимот, коментираше дека прототипот се уште не ги поминал тестовите за судар, бидејќи материјалот „нема да се свитка како металот, туку ќе се скрши”.