Статистики, бројки, факти за Супер купот 2017 во Скопје – Ова треба да се знае (фото)

Сподели

Реал Мадрид по шести пат ќе учествува во Супер купот на Европа. Досега има 3 победи и 2 пораза, а Манчестер Јунајтед во Супер купот има 1 победа и 2 пораза.

Победниците од Лигата на шампионите победиле во 22 од 41 претходни напревари од Супер купот.

Манчестер јунајтед учествувал досега трипати и победил еднаш – во ноември 1991 година против Црвена Ѕвезда. Оттогаш тој клуб двапати е поразен, со 1-0 од Лацио во 1999 и 2-1 од Зенит во 2008 година.

Реал Мадрид победил три пати. Во 2002 година против Феенорд со (3-1), Севиља 2-0 во Кардиф 2014 година и 3-2 против Севиља лани. Загубиле двапати, од Челзи во 1998 година со 1-0 и пораз од 2-1 од Галатасарај во 2000 година.

Двата клуба играа на 24 јули во рамките на американската турнеја. Резултатот беше 1-1, а Јунајтед победи на пенали. Претходно, Реал на Олд Трафорд го победил Манчестер со 2-1. Тренер на Реал тогаш беше Жозе Мурињо.

Манчестер Јунајтед нема пораз во 11 европски натпревари, а последен англиски клуб што го освои Супер купот е Ливерпул во 2005 година.

Главниот судија на натпреварот Џанлука Рочи ќе суди четврти напревар на Манчестер и прв по поразот од 2-0 во Лигата на шампионите од Олимпијакос во 2014 година. Судија на ФИФА листата е од 2008 година.

Досега се организирани 41 натпревар од Супер купот. Од 2013 година финалните напревари се одржуваат во различен европски град, Прага во 2013 година, Кардиф во 2014 година, Тбилиси во 2015 година, Трондхајм во 2016 и Скопје 2017 година.

Вклучувајќи ја и 2017 година, Шпанија има рекорден број на тимови кои учествувале во Супер купот, 25 (Барселона 9, Реал Мадрид 6, Севиља 5, Валенсија 2, Атлетико Мадрид 2, Сарагоса 1).

Англиски тимови 16 (Ливерпул 5, Манчестер Јунајтед 4, Челзи 3, Нотингем форест 2, Арсенал 1, Астон вила 1), три повеќе од Италија (Милан 7, Јувентус 2, Интер 1, Парма 1, Лацио 1, Сампдорија 1).

Шпанските тимови држат рекорд со најголем број победи, вкупно 13 (Барселона 5, Реал Мардид 3, Валенсија 2, Атлетико 2, Севиља 1) четири повеќе од Италија и шест повеќе од Англија.

Барселона со победата во 2015 година е на исто ниво со Милан, по пет победи. Ливерпул и Реал Мадрид имаа по три.

Шест финални натпревари биле одлучени во продолженија. Во 2013 година напреварот бил за првпат завршен со пенали (Баерн го победи Челзи со 5-4 на пенали. Во регуларните 90 минути беше 2-2 во Прага).

Најмногу голови постигнала Барселона во победата во 2015 година против Севиља со 5-4. Атлетико во 2012 година го победи Челзи со 4-1, Ливерпул (2001,2005), Реал Мадрид (2002,2016), Севиља (2006) и Милан (2007) постигнале по три голови во Супер купот.

Во финалето четири натпревари завршиле со резултат 1-0, а досега не се случило во финалето на Супер купот да нема голови. Најбрзо постигнат гол бил во 2015 година кога Евер Банега постигна гол за Севиља во третата минута против Барселона.

Олег Блохињ (Динамо Киев) Радамел Фалкао (2012 Атлетико против Челзи) и Тери Мекдермот (1977, Ливерпул против Хамбург), Лионел Меси (Барселона), Герд Милер (Баерн Минхен), Роб Ренсебринк (Андерлехт), Франсоа Ван дер Елст (Андерлехт) се играчи кои постигнале три голови во Супер купот.

Единствен автогол е постигнат на финалето во 1998 година на мечот Феенорд против Реал Мадрид. Автоголот го постигна Патрик Пауве од Феенорд.

Единствен црвен картон добил Пол Сколс против Зенит во 2008 година.

Откажани се досега три натпревари од Супер купот – во 1974 поради политички проблеми Баерн од СР Германија не играше против Магдебург од ДР Германија.

Во 1981 година Ливерпул и Динамо Тбилиси не се договорија за датумот на натпреварот.

По трагедијата на стадионот Хејсел во 1985 година, Јувентус и Евертон не играа во Суперкупот во 1985 година.

The post Статистики, бројки, факти за Супер купот 2017 во Скопје – Ова треба да се знае (фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico