Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт од Јамајка, вечерва го има последниот настап на светските првенства.
За последен пат ќе го видиме на атлетските патеки вечерва од 22.50 часот во Лондон каде ќе трча во финалето на 4х100 метри.
Болт ќе го има последното соочување со својот ривал, Џастин Гетлин во кариерата. Ќе има можност да му се реваншира за поразот на 100 метри.
Новиот светски шампион на 100 метри трчаше во втората замена и со време од 37,70 секунди штафетата на САД беше најбрза во првата група на квалификациите.
Американските атлетичари зад себе ги оставија Велика Британија и Јапонија кои исто така се пласираа во финалето.
Во втората група најдобро време имаше Јамајка, со 37,95 секунди. Болт трчаше во последната замена.
Франција и Кина исто така обезбедија место во големото финале, а таму ќе ги видиме и Турција и Канада.
The post Усеин Болт вечерва во Лондон ја трча последната трка во кариерата (видео+фото) appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico