Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се случаен избор на членови на изборната комисија на градот Скопје и разгледување на барања за неприфаќање извршување на должност членови на Општинска изборна комисија (ОИК).
Комисијата треба да изврши случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик – член на Изборната комисија на градот Скопје, да ги разгледа барањата за неприфаќање извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член Општинска изборна комисија, а потоа и да се изврши случаен избор за членовите чии барања ќе бидат прифатени.
На дневен ред на оваа седница е и првиот седмичен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.