Парламентарното мнозинство го поднесе пакетот закони до Собранието: законите за минимална плата, за стечајните работници и за укинување на радиодифузната такса.
Со усвојување на Законот за минимална плата, сите вработени во сите стопански гранки ќе добиваат повисока минимална плата во висина од 12.000 денари. Тоа ќе важи и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки, кои веќе нема да бидат дискриминарани и да добиваат пониска минимална плата како досега, се вели во соопштението.
Со Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, материјално ќе се обезбедат над 3.500 лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1995 година заклучно до 30 јуни 2017 година. Сите тие кои ги исполнуваат критериумите ќе добиваат месечен надомест од 7.596 денари.
Со измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе се укине радиодифузаната такса за сите граѓани и повеќе оваа давачка нема да биде финансиска обврска на семејствата.