ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Утре во Македонија ќе има променливо облачно и нестабилно време, со значително заладување, пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од јужен правец.

Пообилни врнежи ќе има во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне врнежите ќе ги има повеќе на истокот, ќе бидат локализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси.

Дневната температура ќе биде за 6 до 10 степени пониска од денешната, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во недела и во понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечна дневна температура на воздухот. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и со грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер, прогнозира УХМР.