ТУРЦИЈА: Судот пресуди на 40 лица обвинети за атентат врз Ердоган

Сподели

Судот во Турција донесе пресуда со која група од повеќе од 40 обвинети е прогласена за виновна за обид за атентат врз претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и убиство на двајца полицајци, а станува збор за напад кој се случи во текот на неуспешниот обид за воен удар кој минатата година на 15 јули во Турција го изведе терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Во адаптирана конференција сала на Трговската комора во Мугла денеска е одржано последно рочиште на судењето на групата од 47 обвинети, меѓу нив 44 уапсени и тројца пребегнати обвинети за обид на атентат врз претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Со одлуката на судот, поранешниот командант на 2. Воздухопловна база Чигли, Ѓокан Шахин Сонмезатеш, за кој е утврдено дека командувал со обидот за атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во текот на неуспешниот воен удар на 15. јули, осуден е на четирикратна доживотна казна затвор.

Четирикратна казна доживотен затвор добија и Зекерија Кузу и поранешниот мајор Шукру Сејмен, но и значаен дел од другите обвинети во процесот.

Во процесот, за виновен е прогласен и Али Јазиџи, поранешен главен офицер за врска на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е осуден на казна од 18 години затвор. Обвинението третираше вкупно 47 обвинети за обид за убиство на турскиот претседател Ердоган, кршење на Уставот, кривично дело против институциите, напад на владата, водење и членство во терористичка организација и бројни други кривични дела.Првообвинетиот во случајот е Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО.

Во текот на воениот удар во јули минатата година во Турција, налогодавачите од редот на терористичката организација ФЕТО, кои претходно се инфилтрирани во турската војска и во другите институции, на специјален тим му наредија да изврши атентат на претседателот Ердоган кој таа ноќ престојуваше со семејството на одмор во хотел во Мармарис.