Велика Британија пред најалармантната закана од тероризам

Сподели

Велика Британија се наоѓа пред најалармантната закана од тероризам и нови напади во земјата се неизбежни, изјави генералниот директор на британската разузнавачка служба МИ5, Ендрју Паркер, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Taa закана е повеќедимензионална, брзо се развива со обем и динамика што досега не сме ги виделе. Толку високо темпо не сум видел никогаш во својата 34-годишна кариера“, изјави генералниот директор на британската разузнавачка служба МИ5, Ендрју Паркер.

Тој посочи дека денес има сè повеќе терористички активности кои се сѐ поблиску и тешко се откриваат.

„Заканата е поразновидна од кога било претходно: заговорите се случуваат тука во Велика Британија, но исто така доаѓаат и од странство. Имаме и онлајн-заговори. Потоа комплексно планирани напади, но и спонтани напади на екстремисти од сите возрасти, пол и потекло, обединети од токсичната идеологија на насилната победа која ги води“, вели Паркер.

Тој додаде дека терористичките напади понекогаш можат да бидат забрзани и да се спроведат во рок од неколку дена.

Британската разузнавачка служба е на удар од јавноста по петте терористички напади оваа година, во кои загинаа 36 лица.

Но Паркер тврди дека МИ5 досега има спречено многу повеќе терористички напади, поточно дека во последните четири години се спречени 20 планирани напади.