Владата на Република Македонија испрати соопштение во врска со реакциите на Руската Федерација на изјавите на Зоран Заев.
„Стратешка определба и интерес на Република Македонија е членството во НАТО алијансата и во Европската унија.
Во исто време, Владата на Република Македонија е сериозно посветена и кон градење пријателски односи и соработка со Руската Федерација на принципиелно демократско ниво.
Изјавата на Претседателот на Владата на Република Македонија за црногорскиот медиум се темели на искуствата од регионот и реакциите на Руската Федерација при зачленувањето на други земји од регионот во НАТО алијансата.
Во интервјуто за црногорскиот медиум, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во ниту еден момент не ги доведува укажувањата за ликвидација кон него во било каква релација со Руската Федерација.
Владата на Република Македонија останува целосно на заложбите за реализација на нашите евро-атлантски стремежи и не гледа судир на тие заложби со определбата да ги одржиме добрите односи и со Руската Федерација“ се вели во реакцијата на Владата на Република Македонија.