Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје ќе ја почне новата кампања „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“, која се однесува на три поддржани сектори: вработување, образование и социјална инклузија, финансирани од ИПА Оперативната програма за човечки ресурси 2007-2013.
Во рамките на кампањата, Хан ќе ја посети Агенцијата за вработување, ќе се повози со автобусот на ЕУ и ќе им се обрати на корисниците во рамките на проектот „Поддршка на вработувањето на младите“ спроведен од Агенцијата за вработување.
Почетокот на кампањата ќе биде означен во ЕУ Инфо центарот, каде освен Хан, предвидени се обраќања на амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министрите за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Драган Тевдовски.