Уапсени три лица поврзани со нападот на „Шарли ебдо“

Сподели

Француската полиција уапсила три лица кои се поврзани со нападот на редакцијата на магазинот „Шарли ебдо“, што се случи во јануари 2015 година.

Како што јавуваат француските медиуми, уапсени се двајца мажи и една жена.

Досега се поднесени кривични пријави против 14 лица поврзани со овој напад, а 13 се наоѓаат во притвор, каде го чекаат судењето.

Во нападот на „Шарли ебдо“ загинаа 12 вработени во редакцијата, а полицијата уби тројца напаѓачи.
Неколку дена по нападот, еден од напаѓачите уби полицајка и четири лица во заложничка драма, која се одвиваше во близина на Париз.