Светските медиуми не покажаа интерес за изрекувањето на пресудата за Ратко Младиќ

Сподели

Интересот на светските медиуми за воените злосторства во Босна и Херцеговина беше во втор план поради политичката криза во Зимбабве.

Изрекувањето на пресудата за командантот на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, кој денеска е осуден на доживотен затвор, не беше главна вест во светските медиуми.

Интересот на светските медиуми за воените злосторства во Босна и Херцеговина беше во втор план поради политичката криза во Зимбабве.

Тема на денот на Би-Би-Си е смената на власта во Зимбабве, а како најважна вест на Си-Ен-Ен е видео снимката од севернокорејскиот војник кој пребега Јужна Кореја.

Францускиот весник „Монд“, како и Би-Би-Си најголемо внимание посветува на Зимбабве, додека за „Раша тудеј“ главна вест е средбата на рускиот претседател Владимир Путин со турски и ирански колега Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани во Сочи. Средбата е посветена на „долгорочно решение“ на судирот во Сирија.

Ниту новинските агенции АП, Ројтерс и ТАСС на своите сајтови немаат вест за Ратко Младиќ.

Изрекувањето на пресудата за воениот лидер на босанските Срби е главна вест во балканските медиуми, кои од своите позиции потсетуваат на случувањата во БиХ за време на војната (1992 -1995).

Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска го осуди Младиќ на казна доживотен затвор. Станува збор за првостепена пресуда, на која жалба ќе може да поднесат и Хашкото обвинителство и одбраната на Младиќ.

Тој е осуден за геноцид во Сребреница, прогон на муслимани и Хрвати ширум Босна и Херцеговина, тероризирање на жителите на Сараево и киднапирање на припадници на Мисијата на Обединети нации – Сини шлемови и низа други злосторства. Тој не е виновен за геноцид во седум општини во БиХ.

Со пресудата за Младиќ, Хашкиот трибунал завршува со работата.