Илина Арсова
“Од спортски резултати со национален карактер и најголем промотор на РМ во светот, по заложбите за заштита на најстарото езеро во Европа, Охрид заедно со целиот ендемски свет што опстанува во него повеќе милиони години, станав државен непријател бр 1. По активистичката ангажираност за зачувување на светското природно и културно наследство на УНЕСКО, Локалната власт во Охрид на неколку наврати ми се заканува и ме заплашува со информативни разговори, обвиненија и судски покани. Благодарам градоначалниче. Не ги заборавам и вашите лажни ветувања за работно место и соработка. Можеби не се договоривме за цена или бев прескапа за Вас?”