ВМРО-ДПМНЕ најави блокирање на три раскрсници

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска ќе продолжи со блокирање на крстосници во периодот од 15 до 17 часот.

Тоа се крстосницата кај Мавровка, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда.