Советот на град Скопје на седница ја усвои одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на потесното градско подрачје.
Согласно оваа одлука, се забранува доставувањето на стока во периодот од 7:30 наутро до 18 часот од 1. декември до 31. март, односно истата ќе се врши во периодот од 18 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути.
Оваа одлука е со цел намалување на загадувањето на подрачјето на Град Скопје, што е предвидено и со „Препораките на Интервентната акциска група за итните мерки против загадувањето на воздухот“ од 15.12.2017 од страна на Владата на Република Македонија.
Намалувањето на движењето на возилата кои вршат доставување на стока ќе придонесе и за намалување на загаденоста на воздухот.