Во Македонија ова утро имаме претежно ведро и студено време со утрински температури кои што се во негатива насекаде. Во крајните југозападните, јужните и југоисточните предели имаме зголемена облачност и повисоки утрински температури.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија и ова утро имаме невообичаено студено утро со утрински температури кои што се под повеќегодишниот просек за овој период од годината и се движат во интервал од -13 до -3 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и малку потопло време со благ пораст на дневните температури, ветровито но и понатаму студено време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој што ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Максималните дневни температури и денес ќе останат под вообичаениот просек за овој период од месец декември и ќе достигнат до -3 односно до 7 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денес студено утро со утринска температура од -7 степени. Во текот на денот претежно сончево, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Максималната дневната температура денес ќе достигне до 3 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота претежно облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло време со пораст на температурите, особено на утринските кои што ќе се движат од -7 до 3 степени, а максималните дневни од -2 до 8 степени. Умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време во Македонија се очекува во недела. Минималните температури од -7 до 3 степени, додека пак дневните од 2 до 11 степени. Во понеделник и вторник сончево и топло време со дневни температури кои што ќе се движат во границите на повеќегодишниот просек за овој период од годината. Утринските од -6 до 2 односно од -5 до 3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат 4 односно до 13 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во сабота умерено облачно време со кратки сончеви периоди и температура до 4 степени. Во недела умерено облачно време со повеќе сончеви периоди и потопло време со дневна температура до 7 степени. Во понеделник и вторник потопло утро со минимална температура од -2 односно -1 степен, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални 9 степени.
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Според измерените податоци во 6 часот во Скопје, Тетово, Куманово, Кавадарци и Битола имаме средно ниво на загаденост со зголемени вредности на пм 10 честичките, во останатите предели имаме ниско ниво на загаденост на воздухот и количеството на штетните пм 10 честички е во границите на дозволеното. Во изминатите 24 часа највисоко количество на штетни пм 10 честички беа измерени во Скопје од 50 до 233 микрограми на метар кубен (Лисиче 233, Ректорат 225 микрограм на метар кубен), Тетово 152, Велес 115 и Куманово 114 микрограми на метар кубен.