Генералното собрание на ОН го одобри буџетот од 5,39 милијарди долари

Сподели

Генералното собрание на ОН го одобри буџетот на светската организација за следните две години (2018-2019).

Буџетот е во вредност од 5,39 милијарди долари, односно 166 милиони долари повеќе отколку во претходниот двегодишен период.

САД бараа намалување на буџетот на ОН и предлагаа скусување на средствата за 250 милиони долари, со скратување на мисиите на светската организација во палестинските територии, Либија и Авганистан.

Сепак, САД остануваат земја со најголем придонес во буџетот на ОН, покривајќи над 20 проценти од нејзините трошоци. Уделот на Русија изнесува 2,5 отсто.