Собранието денеска ќе гласа за нов јавен обвинител

Сподели

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 22. седница на која пратениците треба да гласаат за именување нов државен јавен обвинител, откако на 15-ти овој месец ја завршија расправата по владиниот предлог.

Владата на 7. ноември му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

За именување на јавен обвинител, Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

Досега оваа функција ја извршуваше Лилјана Спасевска, откако Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август годинава.

На дневен ред денеска во Собранието покрај именувањето на новиот јавен обвинител се предлог измените на Законот за Судски совет и Законот за заштита на сведоци.