ВЛАДА на РМ: МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање

Сподели

Владата на вчерашната седница ја утврдила предлог – одлуката за усвојување на годишната програма за работа на Македонската радио-телевизија, за 2018 година и предлог – одлука за одобрување на финансискиот план за 2018 година на МРТ.

„Оваа одлука е придружена со мислењето на Владата во кое се истакнува дека ненавременото ставање на годишната програма за работа на МРТ не е објавена согласно законот, го попречило обезбедувањето на влијание на јавноста врз вкупното работење на јавниот сервис, како и дека МРТ ги прекршила сопствените професионални принципи за сеопфатно информирање на јавноста со прекинот на директниот пренос од Собранието на Република Македонија на 27 април“, стои во соопштението.

Основач на МРТ е Собранието на Република Македонија, пред кое националниот јавен сервис ги доставува годишната програма и финансискиот план, како и пред кое одговара.

Владата денеска расправала за МРТ по побарано мислење од Собранието.

– Исто како што Уставниот суд во одредени случаи бара мислење од Владата, така тоа го прави и Собранието. Денешната расправа беше по побарано мислење од Собранието, кое ги усвојува годишната програма и финансискиот план на МРТ – изјави за „Мета“, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.