Уапсени 200 лица на италијанска мафија

Сподели

Околу 200 членови на еден од најпознатите мафијашки кланови во Италија, уапсени се во акција на полицијата.

Според воената полиција уапсени членови на криминалната група Ндрангета со седиште во Калабрија, пренесе МИА.

Акцијата била спроведена заедно со германската полиција, бидејќи главните фамилии кои ја предводеа групата се занимаваат со производство на вино, храна, погребални услуги и собирање отпад.

Меѓу уапсените има и високи официјални лица кои се вмешани во корупција.

Одземен е имот во вредност од 50 милиони евра.