Чавков во Апелација: Највнимателно дадов насоки за безбедно извлекување на сите пратеници на „крвавиот четврток“

Сподели

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков со лисици на рацете попладнево беше спроведен во Апелациониот суд.Апела ционите судии на јавни седници расправаат дали е оправдан продолжениот притвор за четворица осомничени од настаните во собранието од 27. април минатата година.
Одлуките треба да бидат познати деновиве.

Чавков потенцира дека неговото лишување од слобода било најавувано уште во мај, а бил уапсен во ноември и цело време бил во државава без намера да бега.

„Во една специфична ситуација која ескалираше за секунда ќе видите дека веднаш се преземени сите неопходни дејствија за специфична ситуација, делување во затворен простор. Највнимателно дадов насоки за безбедно извлекување на сите пратеници“, рече Чавков.

„Од сите мои наредби кои постојат во документацијата на МВР, заклучно и за настанот на 27 април постојат јасни прецизни и енергични наредби за спречување на ескалација во една многу чувствителна ситуација како таа на ноќта на упадот во Собранието“, рече Чавков.

Тој тврди дека во целото негово 30-годишно искуство во МВР, тој најчесно, најсовесно и најпрофесионално си ја извршувал функцијата.