Денеска во Собранието на РМ на дневен ред е Договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
Со ратификувањето во Собрание, договорот стапува на сила веднаш. На дневен ред ќе биде и презентирањето на програмата и приоритетите за работата на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, што ќе ги презентира бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува во Собранието. Според партијата, Договорот е штетен за националните интереси на Македонија.
Договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија потпишан е во Скопје на 1. август минатата година, од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.
Договорот беше ратификуван во Собранието на Бугарија во ноември минатата година, додека во сила ќе стапи откако ќе се ратификува и од страна на македонското Собрание.