Јужна Кореја: Земјотрес со јачина од 4.6 степени – 23 луѓе се повредени

Сподели

Јужнокорејскиот град Поханг денеска го погоди земјотрес со јачина од 4.6 степени по Рихтеровата скала при што 23 луѓе се повредени.

Земјотресот бил регистриран пет километри северозападно од Поханг и се верува дека станува збор за потрес, кој следува после земјотресот од 5.4 степени по Рихтеровата скала од ноември минатата година, од кога во таа област биле регистрирани вкупно 84 земјотреси.

Тамошните медиуми пренесуваат дека најновиот потрес се почувствувал во многу делови во Јужна Кореја, дури и во престолнината Сеул, а пожарникарната служба на 1.400 повици.

Во Поханг исплашените жители бегале од домовите на безбедни места, како школски дворови или отворени површини.

Поханг се наоѓа на околу 170 километри од Пјогнчанг, каде се одржуваат Зимските олимписки игри.