Владата на Република Македонија нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија. Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Република Македонија добро знаат кој членува во тој состав, на кој начин работеше и под чии влијанија, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на Владата на РМ Миле Бошњаковски.
– Веднаш по усвојување на новиот закон за аудио аудиовизуелни услуги ќе се овозможи професионално непартиски нови раководни позиции и во Македонската радио телевизија и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ). Тоа значи дека овој избор на важност се додека не го усвоиме законот, рече Бошњаковски.