Владата во дупка од 500 милиони евра – Ерол РИЗАОВ

Сподели

Најавените нови реформи на пензискиот систем за санирање на застрашувачката црна дупка во буџетот од 500 милиони евра годишно, што му доаѓа речиси една четвртина од државната каса, се поопасен терен за лизгање и паѓање на владата на Зоран Заев отколку промената на името на државата. Првите најави дека се можни такви реформи за спасување на буџетот со продолжување на пензискиот стаж на 67 години и на сметка на стагнирање на пензиите, што ќе значи нивно реално намалување, претставува најголема закана за големо незадоволство и целосно губење на довербата на јавноста во Владата и во нејзините реформи.

Наместо реформи, домашни или по урнекот на Светската банка, сеедно, веќе одамна направени недоправени, најдобро е Владата да направи сеопфатна истрага како, кој и зошто го банкротирал најголемиот фонд во државата, па наместо најбогат со години е најсиромашен.

Државниот пензиски фонд одамна не е ниту солидарна, ниту економска категорија, како што предвидува законот, туку вреќа без дно. Во Фондот точно до последен денар, поточно дени, во денешна противвредност, се знае за секој вработен колку пари издвоил додека работел. Врз основа на тоа се одредува и пензијата со тоа што законот со ограничување на највисоката и одредување на најниската пензија ја искажува солидарната определба. Тоа значи дека и тие што најмногу одвојувале во Фондот и тие што одвојувале најмалку, со стекнување на правото на пензија, го добиваат тоа што е нивно. Ако е така, а така е, зошто тогаш има толкава дупка во Фондот? Каде исчезнале парите на пензионерите кои цел работен век уредно ги плаќале своите обврски, па сега тие треба да се чувствуваат како да се баласт, товар на целото општество, а не тие што ги потрошиле нивните пари.

Текстор во целост прочитајте го тука