Во организација на движењето „Нашето име е наше право“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, се одржува протест. Присутните се собираат како што велат, поради политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.
Дел од демонстрантите носат и пароли на кои пишува „слобода“ за осомничените за насилниот упад во Собранието, што се случи на 27 април минатата година.
Присутни се и автобуси од други градови.