Google се придружи на Facebook за забрана на рекламирање на криптовалутите

Сподели

Гугл се придружува на Фејсбук во забраната за рекламирање на Биткоин и останатите криптовалути,, соопшти компанијата.

Компанијата, која обезбедува најголем дел од дигиталниот маркетинг на интернет, соопшти дека планира од јуни да ја менува својата политика за рекламирање за одредени финансиски услуги, помеѓу нив и за криптовалутите. Новите ограничувања ќе важат и за сите платформи во сопственост на Гугл, како Јутјуб, како и за интернет-страници каде Гугл продава рекламен простор, пренесува Њујорк Тајмс.

Одлуката на интернет-гигантот доаѓа откако Фејсбук во јануари соопшти дека ќе ги забрани сите реклами за Биткоин и другите криптовалути со намера да ги спречи измамите и лажните промоции. Огромниот интерес околу Биткоините и другите криптовалути предизвика загриженост за измами кои користат онлајн-рекламирањето за пронаоѓање на потенцијални жртви привлечени од растот на цените на поголемиот дел од виртуелните валути. Рекламирањето за новите криптовалути експлодираше минатата година кога дојде до голем раст на нивната вредност.

Последните месеци, американските регулаторни тела јасно ставија до знаење дека голем дел од овие аукции се најверојатно нелегални, со што паднаа цените на големиот дел од виртуелните криптовалути.

Рестрикциите на рекламирањето криптовалутите се слични на оние кои Гугл ги има за рекламирањето фалсификувани предмети или сексуално експлицитни содржини.