Кино Култура, “Лерин, полиња, жито, ридишта крв”, 27.март
ЛЕРИН
Полиња жито, ридишта крв
од Русомир Богдановски
Режисер: Слободан Унковски
Играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ
Музика: Златко Ориѓански
Костимограф: Розе Трајческа Ристовска
За претставата:
Вториот дел од трилогијата СОЛУН, ЛЕРИН, СКОПЈЕ ги обработува настаните од граѓанската војна во Грција, положбата на македонското население и теророт на кој е изложено, битка за Лерин и падот на Демократската армија на Грција во која значајна улога имале македонците.
Низ серија од сцени и сведочења се отвараат значајни прашања за нашата историја, за улогата на комунистичката партија на Грција во обидот за решавање на македонското национално прашање и за последиците што ги предизвикува до денес за нас овде, поразот на демократска Грција во судир со монархофашизмот.
Граѓанската војна ја има една од најзначајните битки во обидот за завземање на Лерин каде големи партизански сили (тринаесет до четиринаесет илјади борци) претрпеле катастрофален пораз и масакар во кој загинале неброени македонци од егејска Македонија.
Во возбудливиот и потресен ракопис на Богдановски добиваме нова и силна фрагментарна драма која магично не води низ така блиската историја избришана на некој начин од нашата колективна меморија.
Локација: Кино Култура
Време: 20:00
Билети : 200 ден. (резервација на kinokultura2015@gmail.com)