МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во раните утрински часови на запад, а околу пладне во источните делови од земјава каде за кратко време можно е да наврнат над 15 л/м2. Во попладневните часови ќе има и сончеви периоди.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 12, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно особено во раните утрински часови со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од западен правец, а попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Посвежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни ќе има и во текот на наредната недела, освен во вторник кога ќе биде претежно суво. На планините ќе врне снег. Во четврток се очекува значително заладување, па врнежите речиси насекаде ќе бидат од снег.