Нападната турската амбасада во Копенхген со молотови коктели

Сподели

Зградата на турската Амбасада во Копенхаген, минатата ноќ беше нападната со молотови коктели.

Полицијата соопшти дека нападот најверојатно бил извршен од четворица напаѓачи и дека секој од нив фрлил по еден молотов коктел врз Амбасадата.

Во нападот нема жртви, а врз зградата на турската Амбасада е предизвикана материјална штета.

Истрагата за случајот е во тек, а претставниците на Амбасадата сè уште не го коментираат случајот.

Данската полиција ги зајакна безбедносните мерки пред турската Амбасада во центарот на Копенхаген.