Советот на Град Скопје ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје.
Со оваа одлука, времената одлука за забрана за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот, станува трајна.