Пресуда за случајот со смртта на четиригодишниот Алмир

Сподели

Во кумановскиот суд денеска ќе бидат изречени пресудите на обвинетите во случајот со прегазувањето на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.

Обвинетиот Бобан Илиќ, кој се товари за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, во врска со смртта на Алмир, рече дека не се чувствува виновен. Илиќ изрази жалење за смртта на малиот Алмир, но рече дека е невин.

Неговиот адвокат побара ослободителна пресуда и рече дека делото не го извршил  со умисла.

Кривичното дело кое му се става на товар беше преквалификувано од „убиство“ во текот на постапката.