Со полагање на венци и цвеќе на спомненикот „Зошто“ денеска ќе биде одбележана 19-годишнината од загинувањето на вработените во Радио-телевизија Србија при бомбардирањето во 1999 година.
На комеморацијата ќе присуствуваат и Жени во црно и Жени од заедницата на жртви и преживеани од Босна и Херцеговина од подрачјето на Зворник.
НАТО рано утрото на 23. април 1999 година ја погоди зградата на РТС со два проектила, при што загинаа 16 вработени.
Меѓународната организација за човекови порава „Хјуман рајрс воч“ во 2000 година соопшти дека немало никакво оправдание за бомбардирање на зградата на РТС, додека лидерите на НАТО тврдеа дека нападот бил оправдан.
Поранешниот директор на РТС, Драгољуб Милановиќ во 2002 година е осуден на 10 години затвор бидејќи не ја спровел наредбата на тогашната Сојузна влада за дислоцирање на луѓето и техниката. Негивата казна истече на 1 септември 2012 година.